Почетна Вести Германските власти имале информации за можни напади на божиќни базари
Германските власти имале информации за можни напади на божиќни базари

Германските власти имале информации за можни напади на божиќни базари

38
0

Германските власти во последниве неколку месеци добиле неколку сериозни предупредувања за можни терористички напади за време на одржувањето на божиќните базари кои традиционално започнуваат на почетокот на декември.

germanija-tcДел од германските медиуми потсетуваат дека минатиот месец американски антитерористички експерти ги предупредиле европските земји меѓу нив и Германија дека постои висок ризик од напади кои што за цел имаат настани поврзани во Божиќ, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Во своето предупредување американскиот Стејт департмент тврдел дека има кредибилни информации за џихадистички групи кои што планираат напади за време на божикните празници. И другите европски разузнавачки агенции предупредувале на можни терористички напади поврзани со Божик, а британското министерство за надворешни работи на своите граѓани кои патуваат во Германија им сугерирало да „останат будни“ на божикните панаѓури и други настани на кои има голема фрекфенција на луѓе.

Минатата недела германските власти уапсија 12 годишно момче кое што е задржано поради сомнение дека сакало да постави бомба на божиќен базар во градот Лудвигсхафен но против него сеуште нема обвинение поради тоа што е малолетно. Според германските служби за безбедност момчето работело по налог на Исламската држава.

Како резултат на информациите кои што ги имале германските власти за разлика од претходните години нивото на безбедносни проверки на божиќните панаѓури е неколкукратно зголемено но сепак според експертите невозможно е целосно да се превенираат напади на местата каде што во пресрет на Божиќ има голема фрекфенција на луѓе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *