Почетна Вести Европа Германија: Одлуката за Света Софија нема да помогне во дијалогот меѓу ЕУ и Турција
Германија: Одлуката за Света Софија нема да помогне во дијалогот меѓу ЕУ и Турција

Германија: Одлуката за Света Софија нема да помогне во дијалогот меѓу ЕУ и Турција

98
0

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас денеска ја критикуваше контроверзната одлука „Света Софија“ во Истанбул од музеј да се претвори во џамија, порачувајќи за германските меидуми дека потегот не дава „придонес кон меѓународното разбирање“, јави ДПА.

-Тоа е одлука што не можеме да ја сфатиме, рече министерот, додавајќи дека уникатниот споменик е место на светското културно наследство со „значење далеку поголемо од Турција“.

Одлуката за враќање на Света Софија во џамија нема да помогне во дијалогот меѓу ЕУ и Турција, рече Мас.

Тој посочи дека УНЕСКО сега ќе го разгледа статусот на споменикот како светското културно наследство.

-Но, се надевам дека во блиска иднина работите ќе се развиваат на таков начин што неговиот статус нема да биде загрозен, додаде Мас, пренесен од германската агенција.

Света Софија е изградена од византискиот император Јустинијан Први во 537 година како најголема црква во христијанскиот свет.

Таа била претворена во џамија по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година од страна на султанот Мехмет Втори, попознат како Освојувачот.

Статусот од џамија во музеј бил сменет со указот од 1934 година на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерната турска република.

Илјадници муслимански верници денеска се собраа на првата молитва, откако музејот беше пренаменет во џамија со контроверзниот декрет на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, појасни ДПА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *