Герасимовски најавува зголемување на надоместокот за новороденче и нови проекти за Центар

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави зголемување на надоместокот за новороденче од 7.000 на 10.000 денари, со што, како што истакна, се поддржуваат семејствата во најважниот период кога се раѓа нов живот. „Со оваа мерка родителите добиваат поголема финансиска поддршка, а субвенциите се зголемуваат за сите категории на граѓани“, рече Герасимовски.

Тој потенцираше дека развојот на Центар мора да продолжи и дека концептот „За Центар што го сакаме“ нуди поквалитетен живот за сите жители. Го повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 19 октомври и да го дадат својот глас за бројот 5.

На средбите со граѓаните, Герасимовски ги презентираше и клучните проекти за вториот мандат, меѓу кои се: модерен дом за стари лица на Водно, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавка на цистерни и метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на метежот, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“ со бројни поволности и попусти за жителите.

„Во изминативе години покажавме што значи одговорно и посветено водење на општина. Реализиравме проекти што го подобрија секојдневието, уредивме улици, зголемивме зеленило и создадовме подобри услови за младите и повозрасните“, заклучи Герасимовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Средба на Бугарскиот патријарх Даниил со пратеничката група на БСП – Обединета левица

Неодамна во зградата на Бугарската Патријаршија се одржала средба помеѓу Патријарх Даниил и пратеничката група на БСП –...

Црквата и студентските протести

проф. д-р o. Владан Перишиќ   Што е тоа во оваа српска реалност – мрачна и злокобна поради криминалот што...

Владиката Петар служеше во Сремски Карловци – СПЦ не соопшти од која црква доаѓа

Српската православна црква продолжува да не ги раздвојува македонските од српските владици во јавните известувања. Официјалната црковна телевизија...

Српскот етнички шовинизам ја премина границата на толеранција во Македонија

Во последниот период сме сведоци на сè почести појави кои сериозно го нарушуваат достоинството на македонскиот народ и...