Почетна Вести Христијанство Георги Гоце Дуртаноски стана почесен доктор на Летонската христијанска академија
Георги Гоце Дуртаноски стана почесен доктор на Летонската христијанска академија

Георги Гоце Дуртаноски стана почесен доктор на Летонската христијанска академија

224
0

Во рамките од прославата на 100-годишниот јубилеј од првата независност на Летонија, Сенатот на Летонската христијанска академија и Советот за високо образование на Летонија, со благослов од архиепископот на Летонската православна црква, му била доделена почесна докторска титула (Doctor Honoris Causa) на проф. Георги Гоце Дуртаноски за неговиот придонес во високото образование и афирмација на христијанските вредности во Летонија и на европскиот континент воопшто.

Почесна реч за Дуртаноски имала поранешната министерка за образование на Летонија академик Баиба Ривжа (исто така почесен доктор од Летонската христијанска академија), која го нагласила исклучителниот педагошки метод за пренесување на знаењето кое го практикува Дуртаноски.

Летонската православна црква била претставувана од митрополитот Јован од Ришката епархија, лично испратен од архиепископот г.Александар кој поради болест не присуствувал на свеченоста.

Летонската православна црква уште на самиот почеток даде благослов и силна мотивациска поддршка на катедрата за христијанска палеографија и краснопис кои беа иницирани и предводени од Гоце Дуртаноски во минатите 5 години.

Почесната докторска титула Дуртаноски ја посветил на „малите нации„ и нивниот стремеж за сувереност и самоопределување како и на сите оние кои во изминатите години ја поддржуваа неговата работа и веруваа во убавината на ракописната уметност.

Георги Г.в.Дуртаноски е основач и директор на Скрипториумот при Летонската христијанска академија, каде воедно предава неколку предмети поврзани со развојот на писмата во христијанската ера со фокус на глаголицата и црковно-словенската кирилица како и декоративното писмо/краснопис. Летонската христијанска академија е единствена институција во Европската унија која ги негува (православните) христијански уметности и вредности.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *