Почетна Вести Генерациска средба на свежата „крв“ на МПЦ

Генерациска средба на свежата „крв“ на МПЦ

965
0

Македонската православна богословија деновиве распиша конкурс за прием на нови ученици, кои ќе одлучат својата иднина да ја посветат на служба на Бога, а воедно и професионално да се градат во теолошките учења.

Низ Македонската православна Богословија, „Свети Климент Охридски“ досега поминаа многумина кои денеска се врвни теолози во МПЦ. Меѓу нив се и владици и свештеници и професори на Богословскиот факултет.

Еден од нив е и Владиката Тетовско-гостиварски Јосиф. Тој и богословите од неговата 34-та  генерација завршени Богослови, организирале генерациска средба во Лешок.

Од таа генерација, денеска МПЦ има врвни теолози. Созревањето и градењето на кадрите преку Богословијата и Богословскиот факултет, ја градат иднината на МПЦ, со професионални теолози.

Младата генерација теолози последниве години е движечка енергија на МПЦ.

/РЕЛИГИЈА.МК

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *