Почетна Вера ГАЛЕРИЈА: Величественото замонашување на Мојсеј, Филарет, Ефрем и Митрофан во Бигорски
38
37
36
31
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

ГАЛЕРИЈА: Величественото замонашување на Мојсеј, Филарет, Ефрем и Митрофан во Бигорски

3.14K
0

На величествен начин пред преполниот манастир, Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарскиот Митрополит Агатангел и Архимандритот Партениј ги замонашија четворицата нови монаси на Бигорското братство.

Настанот го прави несекојденевн фактот што тоа е прв ваков случај во поновата историја на монаштвото во Македонија, во еден ден да бидат замонашени четворица монаси.

Мојсеј, Митрофан, Филарет и Ефрем, беа замонашени во предвечерието на торжествената прослава на Бигорскиот манастир.

-И, ете, оваа година, првиот и најголем аскет, целосно предаден во служба на Бога, славниот Јован Претеча, во својот род прими уште четири души од нашето братство, жедни за рамноангелскиот монашки живот, и двајца други браќа, Даниел и Антонио, облече во монашко расо. Каква ли радост, какво духовно веселие, каква огромна благодат посведочија ѕидовите на храмот на Крстителот и огромното мноштво верни, присутни во него, кога за прв пат во поновата историја на македонското монаштво, четворица млади луѓе, како со „нетлени стапки“, носени од татковската љубов на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, пристапија кон светиот Олтар за да ги дадат највозвишените и вечни завети на доброволно послушание, сиромаштво и целомудрие. А таму, при „Светињата на светињите“, во невидливото присуство на Христа, Богородица, Ангелите и Светиите, ги пречека богољубивиот наш архипастир, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој преку својата рака го положи врз нивните глави благословот на Оној Кој ги избра нивните души за благодатниот пат на монашкиот подвиг. Среде громогласните молитвени восклици „Господи, помилуј!“ на растрепереното огромно мноштво верници и на нашите драги гости – византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола, што во еден ист дух на умиление и радост, будно го следеа свечениот и свештен чин, Мојсеј, Митрофан, Филарет и Ефрем, стоеја лице во лице со својот Господ и со таинствен шепот на своите срца ги полагаа пред Него вековните завештанија на монашка пожртвуваност, верност и посветеност. Нови четири факели запалени пред Бога за православниот народ наш, четири молитвеници како цврсти столбови вградени во зградата на Црквата Христова. А во длабоко молитвениот поглед на нашиот Старец, кој ги роди во љубовта Христова и ги одгледа како свои најмили рожби, како да го гледавме љубовниот и полн со милост поглед на самиот Претеча и Крстител Господов Јован, велат од Бигорскиот манастир.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *