Почетна Галерија ГАЛЕРИЈА: Прогласувањето на Светиот Гаврил – Епископ Велички низ фотографии
ga 3
ga 4
ga 5
ga 6
ga 8
ga 9
ga 10
ga 11
ga 12
ga 14
ga 15
ga 16
ga 17
ga 19
ga 20
ga 21
ga 23
ga 25
ga 26
ga 27
ga 28
ga 1
ga 29
ga 30
ga 32
ga 34
ga 35
ga 37
ga 39

ГАЛЕРИЈА: Прогласувањето на Светиот Гаврил – Епископ Велички низ фотографии

667
0

Во неделата на 28.мај  2017 година, во годината кога МПЦ – ОА слави 50 – годишен јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА, Архиереите на МПЦ го канонизраа Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип.

Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од МПЦ – ОА, ги дочека Светите моштии на Епископот Велички Гаврил Светогорец, кои достојно, за канонизацијата, беа донесени од Лесновкиот манастир и внесени во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип.

Литургијата за канонизацијата ја отслужија надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион Поглаварот на МПЦ – ОА Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополиот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско – осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климен, како и Архимандритите Нектариј, Партениј, Дамаскин и Григориј, Игумени од повеќе манастири.

Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан отслужи помен на Светиот Гаврил Епископ Велички Светогорец, Епископот г. Климен ја соопшти одлуката на САС на МПЦ – ОА за впишувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите, надлежниот Митрополит г. Иларион го прочита житието, а Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан ја освети новонацртаната икона со ликот на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец.

Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан, членовите на САС на МПЦ – ОА и свештенослужителите се поклонија на светите моштии на Епископот Велички Гаврил Светогорец.

Верниците потоa, преку целиот ден се поклонуваа на светите моштии на Епископот Велички Гаврил Светогорец.

/фото: Брегалничка

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *