Викендов во Охрид, МПЦ – ОА одбележа еден значаен јубилеј, 40 години архиерејска служба и 70 години од раѓањето на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Овој Јубилеј само официјално го потврди она што ние многу години наназад секојдневно го препознаваме и го посведочуваме во ликот на нашиот духовен водач Митрополитот Тимотеј, а тоа е неговото неуморно духовно и материјално надградување на нашата света Црква, епископската мудрост, несебичната пожртвуваност, љубов, трпение кон сите нас и, секако, тој жив апостолски залог, велат од Дебарско-кичевската епархија.
На одбележувањето беше и министерто за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Дарјан Сотировски.
Погледнете ја фотогалеријата.