Почетна Вести Г.Тимотеј: Синодот на МПЦ ќе одлучи за барањето на Амфилохије
Г.Тимотеј: Синодот на МПЦ ќе одлучи за барањето на Амфилохије

Г.Тимотеј: Синодот на МПЦ ќе одлучи за барањето на Амфилохије

711
2

„Ќе присуствувам на осветувањето на храмот „Свети Јован Владимир“ во Бар, Црна Гора на покана на црногорско-приморскиот митрополит Амфилохије, ако тоа го одобри Синодот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија“.

11Ова е одговорот на Дебарско-кичевскиот владика г. Тимотеј на вчерашната изјава на црногорско-приморскиот владика г. Амфилохије за „Религија.мк, во која ја повика МПЦ-ОА на заедничко осветување на храмот посветен на Свети Јован Владимир во Бар на 25 септември оваа година.

-Јас можам да присуствувам на осветувањето на тој храм, но нема да сослужувам на литургискиот обред со српските владици. Секако, за тоа прво треба да имам одобрение од Синодот на МПЦ-ОА, изјави г. Тимотеј.

Српскиот владика го повика лично г. Тимотеј за тој чин да ги донесе и дел од моштите на Свети Јован Владимир кои ги поседува МПЦ, со цел осветувањето на храмот да добие поголема торжественост.

-Истото важи и за носење на моштите. За сето тоа треба да се согласат и останатите владици во Синодот на МПЦ, додава г. Тимотеј.

Сепак, според владиката Тимотеј, поканата преку медиумите се смета за неофицијална. Смета дека ако навистина српскиот владика има таква желба и волја, тоа треба да го направи официјално според црковниот ред.

Инаку, моштите на овој голем христијански светител се чуваат во повеќе земји. Неговиот череп се чува во манастирот Зограф на Света Гора. Дел од раката се чува во Македонија во охридската црква „Света Богородица Геракомија“. Голем дел од нив се во Тирана, Албанија.

Р.З.

Коментар(2)

  1. Ova e samo lukav i dobrosmislen poteg na Anfilohie da se zdobie so mostite na svetitelot, da objavi deka gi ima vo posed , bez komentar od kade i kako se zdobil so niv. A Timotej ako prisustvuva na sveceniot obred, ke bide rasporeden vo grupata na inovernicite, kao sto se subotarite i Jehovinite svedoci ili muslimanite, ako , od politicki pricini bidat povikani i tie, ili ako voopsto bidat prisutni i tie na sveceniot obred. Sekako , Timotej nema da bide pocastvuvan da bide na molitva vo grupata na pravoslavnite visokodostoinstvenici, oti toa mesto e obezbedeno za , sa znae, Vraniskovski kako pretstavnik na Ohridskat pravoslavna arhiepiskopija , vo cija titula Makedonija i MPC ne se ni spomenuvaat. Taka da ako odi tamu, badijava ke odi, vsusnost samo badijava da si tepa noze i cepi opinci.

  2. Podobro e, ako vecem odlucile dq mu gidadat mostite da mu gi prati po posta, a da ne odi tamu da se sramoti i ponizuva . A ne vidam potreba zosto da mu gi dadat. P a toj Amfilokija MPC ja pretstavi vo svetot kako komunisticka, ateisticka , vestacka i sto uste ne , a sega nesto od nea bara. Dzabe ce mu gi dadat, oti toj za MPC nema da go promeni odnosot, a osobeno sega koga stvoril lazniot vladika Vraniskovski

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *