„Да го градиме и чуваме мирот – со бога, ближните и со својата совест“, повика во своето Божиќно послание, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан. Тој посочи дека е потребно да се сакаат и почитуваат црквата, татковината, историјата, јазикот, сето она што го сочинува нашето наследство, порача Архиепископот г.г Стефан во Божикната порака.
