Почетна Политичка теологија Француската религија на човекови права е виновна за подемот на исламот
Француската религија на човекови права е виновна за подемот на исламот

Француската религија на човекови права е виновна за подемот на исламот

248
0

Францускиот професор по историја на правото и социолог, Жан-Луи Харуел, верува дека Франција и нејзината религија на човекови права се оние што треба да се обвинат за подемот на исламот за кој тој истакна дека најпрвин е политичка идеологија, а потоа религија, пренесе порталот „Брејтбарт“.

Професорот смета дека човековите права или политичката коректност се трансформирани во државна религија на Франција и додава дека законите против слободата на говорот се еквивалент на безбожништво за француските елити.

– На крајот од 20 век човековите права го зазедоа местото на комунизмот – вели Харуел и истакнува дека човековите права станале најновата утопија.

Тој посочува дека како и комунизмот, и религијата на човекови права не познава нации, земји или цивилизации.

– Имате само индивидуалци во светот и секој од тие луѓе може да оди каде сака и да земе што сака – посочува професорот.

Харуел ја обвинува религијата на човекови права за предизвикувањето недостиг од идентитет меѓу луѓето во Франција поради што многу муслимани во париските предградија го прифатиле исламот како свој идентитет.

– Религијата на човекови права е многу парадоксална бидејќи главно е насочена против секој вид дискриминација – вели тој.

Сепак, Харуел забележува дека исламот успеал да остане дискриминирачки за жените и другите. Истакнувајќи дека исламот е голема цивилизација, гледајќи го однадвор, тој забележува дека муслиманите создаваат делови од исламската цивилизација во Европа.

– Kако и Kосово, еден ден можеби некој дел од исламската цивилизација во Франција или некаде на друго место ќе побара да биде држава. Сметам дека тоа е прашање на освојување – вели тој.

Францускиот експерт за радикален ислам, Жил Kепел, неодамна изјави дека образованието може да поттикне негување на францускиот идентитет кај муслиманите. Харуел е поскептичен во однос на тоа.

– Се плашам дека тоа нема да функционира бидејќи можете да едуцирате само луѓе што сакаат да бидат едуцирани. Не секој муслиман е исламист, не секој исламист е терорист, но сите исламистички терористи се муслимани. Важно е дека секој муслиман во Европа е добро третиран, има совршена слобода на мисла, може слободно да практикува религија, но секогаш мора да биде свесен за фактот дека не е на муслиманска почва или во муслиманска земја – вели професорот.

Тој вели дека Швајцарија може да биде модел за Франција бидејќи тие успеале да забранат минариња и работат на забранување на бурката, но ја задржале слободата на луѓето да си ги следат верските верувања.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *