Почетна Интервју ФРАНЦИСК: За сиромашна Црква треба да се избориме
ФРАНЦИСК: За сиромашна Црква треба да се избориме

ФРАНЦИСК: За сиромашна Црква треба да се избориме

107
0

„Во нашиот свет изгледа дека парите управуваат и владеат, а тие се само средство кое би требало да служи. Исус рече дека не можеме да им служиме на двајца господари. Му служам или на едниот или на другиот господар? Парите се врата низ која ѓаволот често настојува да влезе. За сиромашна Црква треба да се избориме. Можно е, но со постојана борба затоа што искушението на парите секогаш е присутно.“ Ова го изјавил Папата Франциск во интервју за телевизијата ТВ 2000 и Радио Инблу.

papa-intervjuВо 40 минутното интервју, папата зборува на разни теми, за Јубилејот на милосрдието и неговите плодови; за затворениците, за доживотната и смртната казна; за сиромашните и Петокот на милосрдието, но и за лични работи како што се издржувањето на стресот.

Прашан за хуморот Папата потенцира дека тоа е милост за која моли секој ден од Господ објаснувајќи дека станува збор за расположение и за став на откупена душа. За едноставноста и радоста пред Господ.

Осврнувајќи се потоа на милосрдието и правдата во светот, а посебно во односите меѓу државите, Франциск ја потенцирал очигледноста на моралната ригидност, потсетувајќи дека светот веќе живее во Трета светска војна, која не се води на едно или на друго место, туку на многу места.

– Се прозиведува оружје и се продава на завојуваните страни. Очигледна е тврдоста  на срцата. Денешниот свет има потреба од „револуција на нежнос“! Бог ни се приближи на нас со нежност, стана човек, стана тело.  Страдалното Тело Христово треба да се негува и миува, а не да му се зголемуваат страдањата. Завојуваните страни треба добро да размислат, бидејќи само еден живот вреди многу повеќе од териториите кои ги освојуваат. Кај произведувачите и трговците со оружје е обратно, изјавил Папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *