
Студените односи меѓу двајца од светски најистакнатите Аргентинци се чини дека се влошија откако се дозна дека папата Франциско одбил добротворна донација од владата на претседателот Маурисио Макри – барем делумно – бидејќи во износот имало бројка 666.
Во почетокот на месецот, централно-десничарскиот претседател дал донација, која изнесувала вкупно 16.666.000 пезоси (нешто помалку од 1,2 милиони долари) од аргентинската влада за фондацијата за образование „Шолас окурентес“, која е поддржана од папата и се базира на слична организација основана од Франциско кога тој бил кардинал на Буенос Аирес.
Во „Ватикан инсајдер“ – публикација специјализирана за прашањата на папата, што ја објавува италијанскиот весник „Ла стампа“ – Франциско се обратил до аргентинската подружница на фондацијата, барајќи да ги врати парите. Во посткриптот, тој напишал: „Не ми се допаѓа 666“.