Почетна Вести Франциск од Синагогата во Рим го осуди насилството
Франциск од Синагогата во Рим го осуди насилството

Франциск од Синагогата во Рим го осуди насилството

159
0

Папата Франциск за прв пат како поглавар на Католичката црква ја посети римската синагога „Темпио Маџиоре“ во која го осуди секое насилство во име на верата, алудирајќи на нападите на ислмистите од ИСИЛ.

Во храмот поред Тибар во Рим, со исклучително високо обезбедување, биле разменувни псалми и говори на хебрејски во кои би истакнат големиот напредок во односите помеѓу Католиците и Евреите во последните 50 години.

Франциск е третиот Папа, кој по Јован Павле II и Бенедикт XVI ја посетил римската синагога.

-Насилството кое луѓето го прават едни против други е во спротивност на која било вера, особено на трите главни монотеистички верувања, Јудеизмот, Католицизмот и исламот, изјавил Папата.

Еврејските верски претставници биле уште поостри во осудата на исламстичките насилства.

-Верите не создаваат омраза, Верата не пролева крв. Верата повикува на дијалог, изјавила претседателката на римската еврејска заедница.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *