Почетна Вести Франциск не се плаши од тероризмот, утре излегува на плоштадот во Ватикан
Франциск не се плаши од тероризмот, утре излегува на плоштадот во Ватикан

Франциск не се плаши од тероризмот, утре излегува на плоштадот во Ватикан

58
0

И покрај сериозните предупредувања и подигањето на нивото на безбедност во сите европски метрополи по денешниот терористички напад во Брисел, Ватикан ќе го одбележи Христовото воскресение според предвидениот протокол.

Портпаролот на Светиот Престол, Федерико Ломбарди потврдил дека Папата Франциск ќе се придржува до утврдените настани за Светата седмица и ќе учествува на неколку големи јавни настани во Ватикан и во Рим.

Мерките за безбедност од денеска се подигнати на повисоко ниво, иако нема конкретни сигнали за закани.

Папата утре ќе ја води генералната аудиенција на плоштадот „Св. Петар“. Медиумите во Италија велат дека од бројот на присутни ќе може да се утврди дали во Италија има страв од терористички напади.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *