Почетна Вести Франциск на средба со Етиопскиот Патријарх
Франциск на средба со Етиопскиот Патријарх

Франциск на средба со Етиопскиот Патријарх

87
0

Поглаварот на Етиопската тевахедо православна црква, Абдула Матиаз, на 29 февруари ќе се сретне со Папата Франциск во Рим. На тој ден Папата ќе одржи и говор пред Папскиот совет за промоција на единството на христијаните и ќе се одржи света литургија со членовите на етиопската заедница во Рим.

Седиштето на ЕТПЦ во Адис Абеба
Седиштето на ЕТПЦ во Адис Абеба

Етиопската тевахедо православна Црква, според преданието корени влече од IV век, кога од Александрискиот епископ бил испратен Фрументиј да го шири христијанството во Етиопија. Била дел и од Коптската православна црква се до 1959 година, од кога се води како Автокефална автохтона црква на изворното африканското православие и не е под влијание на другите православни цркви од Европа.

Оваа источна православна црква и денеска се раководи според правилата од првите години на христијанството од времето на Апостолите и се потпира пред се на стариот завет. Практикува и некои ритуали од еврејската традиција, вклучувајќи го и обрежувањето и славењето на саботата.

Етиопски Свештеник
Етиопски Свештеник

Според статистичките податоци има околу 35 милиони членови. Оваа црква е дел од меѓународниот мешовит совет за теолошки дијалог помеѓу Католичката и источните православни цркви, кој заседава еднаш годишно.

Ова средба на Папата со поглаварот на оваа црква ќе биде трета, откако во 1993, поранешниот патријарх Абун Паулсон се сретна со Папата Јован Павле II, а во 2009 и со Бенедеикт XVI.

По неговата смрт во 2012 за поглавар на оваа црква е избран Абдула Матиаз.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *