Почетна Вести Франциск: На црквата не и требаат валканите пари
Франциск: На црквата не и требаат валканите пари

Франциск: На црквата не и требаат валканите пари

94
0

„Те молам, врати го чекот од каде што го доднесе, запали го“. Со овие зборови, Папата Франциск им се обраќал на сите кои се јавуваат како донатори на црквата, а за кои смета дека заработиле валкани и нечесни пари.

Поглаварот на Римокатоличката црква, на Генералната аудиенција во среда 2 март, изјави дека на Божјиот народ и на Црквата не им требаат валкани пари, им треба отворени срца за Божјото милосрдие.

Папата го коментирал првото поглавие од книгата на пророкот Исаија, каде Бог се претставува како татко полн со љубов кон неговите деца, кои му свртеле грб и се препуштиле на злото. Поради гревовите, забележува Папата, слободата станува потрага по автономија, барање годеливост, а горделивоста доведува до спротивставување и илузиија на самодоволност.

Но Бог никогаш не се откажува од нас, ние сме негов народ, најлоши мажи, најлоши жени, најлош народ се неговите деца. И тоа е Бог: Никогаш, ама баш никогаш не се откажува од нас!

-Последицата од гревот е состојба на страдање од чиј последици трпи и земјата, разорена и опустошена. Таму каде што владее отфрлање на Бог, на неговото татковство, животот повеќе не е возможен, постоењето ги губи своите корени, се е изопачено и потиснато. Сепак и тој болен момент служи за спасение. Тоа искушение го искуси народот како би ја почувствувала горчината на оние кои го напуштаат Бог и се соочуваат со очајничка празнина и определба за смрт. Страдањето, неизбежна последица од автодеструктивната одлука, мора да го поттикне грешникот на размислување како би се отворил за преобраќање и опростување, рекол Папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *