Почетна Вести Христијанство Франциск: Македонците и Бугарите се две целосно различни нации
Франциск: Македонците и Бугарите се две целосно различни нации

Франциск: Македонците и Бугарите се две целосно различни нации

526
0

Оценувајќи ги впечатоците од посетите на Бугарија и Македонија, Папата Франциск за време на авионскиот лет со новинарите на пресконференцијата потенцирал дека дека Македонците и Бугарите се две целосно различни нации и држави и тоа со различни вековни традиции, со тоа што Македонија има мала традиција како држава, пишува „Ватиканњуз“.

-Тие се две целосно различни нации. Бугарија е нација со вековна традиција. Македонија, од друга страна, има вековна традиција, но не како држава… Како народ, што на крајот израсна да формира нација. Тоа е убава борба“, изјавил папата во авионот на пат за Ватикан.

За Македонија потенцирал дека  отсекогаш имала идентитет и сега тој е консолидиран како народ со мали и со големи проблеми, како нејзиното име и тоа сите го знаеме.

-И двете земји имаа христијански, православни, католички и муслимански заедници. Она што го видов е дека во двете земји има добри односи меѓу различните вери, вели Франциск.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *