43
0
Папата Франциск на неделата на миса на плоштадот Свети Петар ги осуди нападот врз христијанските цркви во Египет, во кој загинаа 44 лица а над 100 беа повредени.
Папата во молитва побарал „да се променат срцата на оние кои шират насилство, терор и смрт“.
Нападот на црквата во градот Тант е последен во серијата напади над христијанското малцинство во Египет, кое сочинува 10 проценти од населението на земјата, и е честа мета на екстремистите.