Почетна Вести Франциск и Вартоломеј го поздравија христијанскиот собир „Заедно за Европа“
Франциск и Вартоломеј го поздравија христијанскиот собир „Заедно за Европа“

Франциск и Вартоломеј го поздравија христијанскиот собир „Заедно за Европа“

143
0

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Римокатоличкиот поглавара Папата Франциск со видео пораки го поздравија одржувањето на третата конференција на екуменизмот во која учествуваа илјадници учесници. Христијанските движења од Европа, и покрај Брегзитот го одржаа настанот Заедно за Европа, чија завршен настан беше на Минхенскиот плоштад кога и е пренесена видео пораката од Вартоломеј и од папата до настанот.

minhen ekumenizam 2-Голема радост е тоа што ја споделуваме оваа кратка, но со сето срце,  лична порака со вредните организации и саканите учесници на настанот „Заедно за Европа“. Вашата цел е едноставна, но истовремено и голема. Досега можеби никогаш не бил потребен повикот за заедништво и дејствување во знак на солидарност – и во Европа и во околните региони, како и на глобално ниво. Нашиот свет се соочува со невидени предизвици, кои не обврзуваат да останеме заедно и да работиме со и за поддршка едни за други. Дури и кога искушението не води во насока да се избегнува заедништвото, Христијаните особено се повикани да го демонстрираат основниот принцип на црквата, што значи заедница. Така е само кога ги делиме подароците великодушно и слободно подарено од Бога дека ние сме во состојба да се доживееме целосно.

Секогаш кога ќе се соочеше со тешкотии и проблеми, претходниот вселенски патријарх Атинагора велеше „Ајде, погледнете се еден со друг во очи“. Ние се молиме и се надеваме дека ќе ги запомниме неговите мудри зборови, секогаш кога светот ќе ни претстави разни предизвици, кои имаат тенденција да не поделат, кои не искушуваат да се повлечеме од заедницата и од тоа да бидеме заедно.

Драги пријатели, „Ајде, погледнете се еден со друг во очи“. Во очите на нашите колеги, браќа и сестри ќе ја видиме славата Божја. Нека Господ Ве благослови сите со Вашата прекрасна иницијатива, порачал Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во видео пораката до иницијативата „Заедно за Европа“.

Претходниот ваков настан на оваа иницијатива беше одржан во 2007 година во Штутгарт, а пред тоа во 2004 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *