Почетна Вести Франциск: Фундаментализмот го уништува божјото име
Франциск: Фундаментализмот го уништува божјото име

Франциск: Фундаментализмот го уништува божјото име

134
0

papa kolosemu 2Папата Франциск го осуди „насилството без преседан“ што го прават исламистите, додавајќи дека верниците кои вршат акти на тероризам го уништуваат божјото име.

На службата за Велики Петок Франциск поренцираше дека изразите на фундаментализам и терористичките акти кои ги прават следбениците на некои религии кои го уништуваат божјото име и го користат за да го оправдаат своето насилство без преседан.

Папата се осврна и на спалувањето и отсекувањето на глави на христијани на Блискиот Исток, како и на оние кои се присилени да ги напуштат своите домови.

Тој, исто така, ги осуди политичарите кои поттикнуваат конфликти и трговците со оружје кои ја разгоруваат војната.

Според  Франциск реакцијата на Европа на мигрантската криза е „отапена со нашата рамнодушност“.

Неколку десетици илјади верници се собраа претходно во римскиот Колосеум каде папата Франциск го помина Патот на крстот на Велики Петок пред Велигден.

Дрвениот крст оваа година го носеа двајца Сиријци, една Русинка, една Кинескиња и државјанин на Централноафриканската Република.

Долж патот на крстот прочитани беа 14 молитви како што налага библиската традиција.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *