Почетна Вести ФРАНЦИСК: Екуменизмот не значи од Православен да постанете Католик
ФРАНЦИСК: Екуменизмот не значи од Православен да постанете Католик

ФРАНЦИСК: Екуменизмот не значи од Православен да постанете Католик

419
0

Папата Францсик од Грузија испрати историска порака во која ги повика Католиците да не се обидуваат да ги преобрата од својата вера православните христијани.

За време на посетата на Грузија Франциск почувствува навредлив однос кон себе од страна на Грузиската Православна Црква,откако православните свештеници одбија да се појават на мисата на Папата, иако претходно Ватикан соопшти дека тоа ќе се слчучи.

francisk-i-ilija-2-Не смее да ги убедуваме православните да го прифатат католицизмот, тие се наши браќа и сестри, следбеници на Исус Христос. Екуменизмот значи да бидеме пријатели, да одиме заедно, молејќи се еден за друг и да работиме за доброто на другиот, кога е можно. Никогаш не треба да ги осудуваме или да престануваме да зборуваме со брат или сестра поради тоа што тие се православни,  изјавил Папата.

Светските агенции пишуваат дека напорите на Папата да ги подобри односите меѓу Ватикан и Грузиската Православна Црква претрпеле одреден јавен неуспех, откако Патријаршијата одлучи да не испраќа своја официјална делегација на месото, каде Папата ја отслужи мисата.

За време на подготовката на папската посета, портпарол на Ватикан изјави дека Грузиската Патријаршија ќе испрати свои претставници на богослужбата на стадионот во Тбилиси како “знак за разбирање меѓу двете Цркви”. Оваа изјава даде причина да се верува дека ладните односи, фрлиле сенка врз посетата во 1999 година во Грузија на папата Јован Павле Втори, веќе малку се загреани. Портпаролот на Грузиската патријаршија сепак денеска изјави дека отсуството на грузиските духовници била “консензуална”, пишуваат агенциите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *