Почетна Вести Франциск без да знае никој му телефонирал на градоначалникот на Ница
Франциск без да знае никој му телефонирал на градоначалникот на Ница

Франциск без да знае никој му телефонирал на градоначалникот на Ница

118
0

Папата Франциск на изненадување на сите им телефонирал на властите во француски град Ница погоден од тероризмот, лично прашувајќи ги како би можел да помогне во поглед на минатонеделниот напад во кој 84 луѓе го загубија животот, голем број беа ранети.

kristijan estrosi gradonacanik nicaВо неделата на 17 јули 2016 година навечер, како што пишуваат медиумите во Ватикан, „од ведро небо“ Папата се јави на Паол Силиј водачот на „Француско-италијанското пријателство“, национално здружение на Италијанците кои живеат во Франција и Кристијан Естросиј градоначалник на Ница и им се понудил за помош.

Силија за Радио Ватикан изјавил дека папата Фрациск му се јавил во неделата околу 19.00 часот притоа „извинувајќи се заради тоа што не зборува добро француски.“

-Прво што ми кажа беше: „Што можам да направам за вас?“ изјавил Силиј за радио Ватикан, посочувајќи дека Папата му ветил оти ќе се сретне колку што е можно порано со семејствата на жртвите.

Во разговор за Радио Ватикан, пак градоначалникот на Ница Естросиј изјавил дека гестот на Светиот Отец во него ја обновува силата потребна за соочување со оваа ситуација.

-Сликата од сите цвеќиња, писмата, играчките ставени на шеталиштето со цел на жртвите да им се оддаде почит е знак дека никој нема да може да ги заборави; но, зборовите на Папата и утехата која ја донесува ги ублажува тие ужасни спомени и на сите им дава сила и надеж“, изјавил за Радио Ватикан градоначалникот на Ница.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *