Почетна Коментар ФОТО ВЕСТ: Архиерејски наменски поздрав
ФОТО ВЕСТ: Архиерејски наменски поздрав

ФОТО ВЕСТ: Архиерејски наменски поздрав

762
3

Четворица архиереи на МПЦ, владиците Наум, Пимен, Јосиф Тетовски и Јосиф Кумановски биле на средба со Претседателот на македонските заедници од Австралија, Игор Аврамовски Александров.

Четворицата Архиереи и Александров средбата ја документирале со фотографија, што пак потоа ја поставија на социјалната мрежа Фејсбук. Ако се суди според „чекингот“  на Фејсбук – Охрид и амбиентот, тогаш средбата била најверојатно во некој од охридските хотели.

slika-naumФотографијата е направена синоќа, пред денешната утринска литургија на која учествуваа сите Архиереи на МПЦ, освен Американско-канадскиот Митрополит г. Методиј, кој е не е во Македонија.

Според коментарот, фотографијата е наменска и има порака, но нема конкретни детали. Од коментарот (Поздрав до Otec Gavril Otec Gavril II, од г. Јосиф, г. Јосиф, г. Пимен и г. Наум. За спокојна Неделна служба) е јасно дека едната порака е со поддршка кон Архимандритот Гаврил, за кого Владиката г. Петар покрена постапка за расчинување. Другата порака е веројатно до Владиката г. Петар.

Коментар(3)

  1. POZZ DO SITE VAS NA SLIKATA – PRETHODNO VI NAPISAV EDNA GOLEMA MOLBA ZA KOJA AKO NE PREVZEMETE NISTO KE SNOSITE GOLEMI POSLEDICI ZA KOI KE BIDETE ODGOVORNI = VIE I SAMO VIE – VELIKODOSTOJNICITE NA MPC – OHRIDSKA ARHIEPISKOPIJA =
    SO BOZJI POZZ DO SIOTE VAS A POSEBNO DO IGOR

  2. А каква е Црковната Пракса во ваков случај кога цел синод не може да му се спротистави на еден Владика?

    Судење од 12 Епископи и расчинување!

  3. Не верувам дека некој некого има намера да расчинува, барем кога се овие владици во прашање.

Напиши одговор на KLIME MITRESKI"KLIMENTOV KONAK"=OHRID Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *