Почетна Репортажа Фото ФОТО: Религиски ритуали низ светот во првата недела од 2018
ФОТО: Религиски ритуали низ светот во првата недела од 2018

ФОТО: Религиски ритуали низ светот во првата недела од 2018

398
0

Фотографии кои ги одбележаа религиските ритуали низ светот во неделата по нова година. Оваа галерија ја објавува „РНС“ агенцијата за религиски вести. Во нејзе ќе видите значајни настани од светските религии кои се случиле во првата недела од оваа 2018.

Интересно е што меѓу овие фотографии има и една од регионот. Од прослава на Православна црква. Погледнете ја и пронајдете ја.

Непалски хинду-верници – молитви додека потопуваат половина од своите тела во реката Хануманте за време на фестивал, Непал, на 2 јануари 2018 година. Ги читаат стиховите посветени на хинду божицата. (АП Фото)
Човек пали цигара додека продава суви дабови гранки, традиција на Бадник за православните христијани, во Белград, Србија, на 5 јануари 2018 година. Србите го слават Божиќ според Јулијанскиот календар, на 7 јануари. (AP Photo)
Жена и млада девојка, облечена во костими, од фото-кабината. Традиција на учество во парадата “Cabalgata de Reyes”, се практикува за Богојавление, и се прави на 3 јануари 2018 година во Мадрид, Шпанија. (AP Photo)
Палестинските волонтери ги повикуваат луѓето да се разбудат за молитви в зори на 3 јануари 2018 година. “Кампањата Гранд Фајр” е дело на ревносни религиозни активисти, многумина поврзани со владејачкото движење Хамас, кои сакаат да ја шират пораката за исламот во веќе длабоко конзервативно општество. (АП Фото)
Хинду ритуално потопување во Ганг, Јамуна и митските реки Сарасвати во Алахабад, Индија, на 2 јануари 2018 година. (АП Фото)
Иранскиот висок свештеник Ахмад Катами ја чита својата проповед за време на церемонијата на молитва во петокот во Техеран, Иран, на 5 јануари 2018 година. (АП Фото)
Една жена нуди цвеќиња на Јемања, божицата на морето, за среќа во наредната година за време на Новогодишните прослави во Рио де Жанеиро, Бразил. Верувањето во божицата доаѓа од африканската јоруба религија, донесена во Америка од страна на западноафрикански робови. (AP Photo)
Папата Френск се моли пред Рождеството, по прославата на новогодишната вечерна веселба во базиликата “Свети Петар” во Ватикан. 1 јануари 2018 година. (AP Photo)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *