Почетна Вести ФОТО: Кампот по веронаука во манастирот Рајчица
kam 1
kam 2
kam 3
kam
kam 5
kam 6
kam 7
kam 8
kam 9
kam 10
kam 11
kam 12

ФОТО: Кампот по веронаука во манастирот Рајчица

406
0

Изминативе неколку дена, манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица беше омилено место за прекрасна дружба помеѓу неколку деца од Кичево, Прилеп и Велес. Тие беа дел од вториот летен камп по веронаука, што го организира Бигорската Обител.

-Овој нивен богоугоден престој во нашиот манастир беше збогатен со многу различни активности, а тие не го криеја своето воодушевување од сè што видоа, научија и почувствуваа. Најголем, пак, восхит предизвика средбата со нашиот највозљубен Старец, Архимандрит Партениј, од кого примија многу поучни совети за нивната иднина – дека тие, како најмлади апостоли, насекаде треба да го сеат семето на православната вера и да ја шират нејзината убавина, радост и љубов, велат од манастирот во Рајчица.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *