Почетна Вера ФОТО: Божик меѓу православните кои го признаваат Папата
7

ФОТО: Божик меѓу православните кои го признаваат Папата

176
3

Во црквите во струмичкиот регион, кои се дел од Католичката црква во Македонија, а каде се служи византиски, или попознат како православен обред, Божик беше одбележан на 7-ми јануари, заедно со останатите православни цркви во светот, кои се водат по јулијанскиот календар.

Скопскиот бискуп, Киро Стојанов, кој е и Апостолски егзарх, или Владика на овие верници, божикна литургија служел во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.

Литургија за Божик се служела и во селото Радово, во црквата „Свети Пророк Илија“.

Погледнете ја галеријата.

Коментар(3)

  1. Православните никогаш не се откажале од својата католичност, ниту католиците се откажале од тврдењето дека православно ја исповедаат својата вера. Сите католици, и оние „неправославните“. Но, денес јасно е дека под православни се подразбираат оние кои припаѓаат на Православната црква, а католици оние кои и припаѓаат на Католичката црква, без разлика на обредот. Сето останато (освен ако тоа не е целта) предизвикува забуна, дека може истовремено да се биде и православен и католик, односно член и на Православната и на Католичката црква. А тоа не е можно. Или си католик (без разлика на облеката и пеењето), или си православен. Впрочем, колку што мене ми е познато, самите „православни католици од Македонија“ себеси се нарекуваат „католици од источен обред“. Доколку се користи ваква некоректна употреба на терминот „православен“, самиот сајт се девалвира и се покажува како некомпетентен за сите останати работи кои се однесуваат на Православната Црква (бидејќи не умее да ги препознава основните разлики меѓу конфесиите), а истовремено го презема ризикот да биде идентификуван како служба на промовирање на унијатизмот како „православна“ опција преку измама.

    1. Факт е дека тие ја признаваат Католичката црква и Папата и со самото тоа се католици, но факт е и дека црквуваат како православни. Веројатно само тие најдобро знаат како се именуваат, но јавноста ги знае како Унијати. Нема спорно ништо во насловот бидејќи таа терминологија се користи во светот.

  2. Спорно е. Таа терминологија – „православен“ за „католик“ – е тенденциозна и не се употребува никаде во светот, без разлика на обредот. Ниту тие самите не се нарекуваат така. Ако и има такви кои затскриено форсираат таква терминологија, тогаш тоа сигурно е со цел преку измама, а не според убедување, да ги одземаат и трансферираат кај себе православните верници од МПЦ. Значи, тие најдобро знаат како се именуваат и затоа другите треба да ги именуваат така како што самите се именуваат: а тие не се нарекуваат „православни“, туку „католици од византиски обред“ или „католици од источен обред“. Обредот е формата, а не содржината. Не е обредот или облеката која те прави католик или православен; ако облечеш сари, нема да станеш Индијка, зарем не?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *