Почетна Вести ФОНДАЦИЈА „ИЛИЈА КАМЧЕВ“: По 80 години храмот „Свети Јован Крстител“ ќе добие фрескоживопис
ФОНДАЦИЈА „ИЛИЈА КАМЧЕВ“: По 80 години храмот „Свети Јован Крстител“ ќе добие фрескоживопис

ФОНДАЦИЈА „ИЛИЈА КАМЧЕВ“: По 80 години храмот „Свети Јован Крстител“ ќе добие фрескоживопис

485
0

Со помош на Фондацијата „Илија Камчев“, по осум децении во храмот „Св. Јован Крстител“ во Скопје ќе биде насликан фрескоживопис, на површина од 478 квадратни метри. Изведувањето на работите од страна на стручниот тим во внатрешноста на црквата е почнато, а рокот за завршување е 2017 година.

fondacija-ilija-kamchevВредноста на донацијата за изработка на фрескоживописот е во висина од 4 милиони денари. Во следната фаза, Фондацијата „Илија Камчев“, како поддржувач на широк спектар општествени иницијативи, ќе го финансира и партерното уредување, како и надворешниот простор на црквата.

– Горди сме и благодарни што имаме чест да ја поддржиме иницијативата за реконструкција на црквата „Св. Јован Крстител“. Изработка на фрескоживописот ќе остане како симбол на едно време, сведок на нашето постоење и вреден артефакт во поновата историја. Со помош на уметноста ќе може да го изразиме заедничкиот стремеж кон убавото и возвишеното – тоа е наша чест, обврска и подарок за идните поколенија, вели Јордан Камчев, претседател на Фондација „Илија Камчев“.

– Благодарни сме за оваа богољубива и родољубива постапка на г. Камчев и фондацијата што ја предводи. Вложувањето во едно вакво дело, претставува вложување во вековната духовна историја на македонскиот народ, во неговото  минато, но и во иднината. Зашто ако не се сеќаваме на нашето духовно и културно минато и ако не го унапредуваме и создаваме, според примерот на нашите предци, и во иднината, тогаш и не можеме да размислуваме за нашиот опстој и за нашата уникатност. Воодушевен од желбата да Му изгради храм на Бога, но говорејќи и за тоа дека и секој човек треба да направи од себе храм на Бога, старозаветниот псалмопејач извика: „Господи, го засакав благолепието на Твојот дом, местото каде што пребива славата Твоја.“ (Пс. 25, 8). Така ова добро дело е во таа насока, да се направи дом на Бога каков што доликува на Неговото величие и слава – потенцира Архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *