Почетна Вести Финални активности на патот до манастирот св.Јоаким Осоговски
Финални активности на патот до манастирот св.Јоаким Осоговски

Финални активности на патот до манастирот св.Јоаким Осоговски

91
0

Во тек е реализацијата на завршните градежни активности на локалниот патен правец Варовиште – манастир Свети Јоаким Осоговски со вкупна должина од 2.163 метри, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

k. palankaПатот е со ширина од четири метри, а на еден дел е изработена асфалтна ригола со ширина од 75 центиметри.

– Одводнувањето на дел од патот е решено со поставување на дренажани цевки. Заради подобро функционирање на патот коловозот на некои места е проширен за дополнителни два метри, потенцираат од општината.

Според нив, останува да се заврши поставување на заштитна челична ограда и мрежа за заштита од одрони на патот.

Изградбата на патот во должина од околу два километри се реализира со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, додека дополнителни триста метри финансира општината од сопствениот буџет.

Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека патот не е отворен, забрането е движењето за сите видови превозни средства и за одвивање каков било сообраќај.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *