Почетна Вера Филип Стојаноски го фати светиот крст во Прилеп
Филип Стојаноски го фати светиот крст во Прилеп

Филип Стојаноски го фати светиот крст во Прилеп

98
0

Дваесет и тригодишниот Филип Стојаноски го фати светиот крст од водите на базенот при хотелот „Сонце“ Прилеп.

Стојаноски беше најсреќен од 80-те учесници при положувањето на крстот на Богојавление-Водици, меѓу кои беа и пет девојки, а учесниците на возраст од 11 до 35 години. Стојаноски четврти пат учествува, но првпат годинава стигна до светиот крст.

– Многу сум среќен и на сите им го честитам големиот празник. Учествувам четири пати и прв пат го фатив крстот. Очекувам дека среќата ќе ме следи цела година, мене и моето семејство, рече среќниот Стојаноски.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески во име на локалната самоуправа на најсреќниот прилепчанец му даде златен крст и други подароци.

– Традицијата е длабоко вкоренета во опстојувањето на нашиот народ, во неговата вера и овој голем празник и годинава го славиме достојно, особено што имаше и огромен број учесници, рече Ристески, посакувајќи им среќа и здравје и на среќниот Филип Стојаноски и на сите учесници.

Во хотелот „Сонце“ беше промовира книгата „Света Петка“ од прилепчанката Наде Караџоска, која низ фотографии и текст го следи градењето на црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила низ сите седум години, колку што траеше изградбата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *