Почетна Вера Еврејска заедница „Фениксот на непокорот“ од Виктор Габер – книга за еврејската заедница во земјава
„Фениксот на непокорот“ од Виктор Габер – книга за еврејската заедница во земјава

„Фениксот на непокорот“ од Виктор Габер – книга за еврејската заедница во земјава

156
0

Книгата „Фениксот на непокорот“ од Виктор Габер, доајенот на македонската современа дипломатија,  беше промовирана во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Станува збор за студиозен и истражувачки труд кој го опфаќа периодот од населувањето на Евреите на Балканот, распадот на Осмалиската империја, еврејското прашање во Македонија, преку Холокаутот, движењето на отпорот, победата над фашизмот и нацизмот, а се фокусира на повоеното организирање на Еврејската заедница со посебен акцент на првиот нејзин претседател Ѓорги Блаер.

-Книгата навлегува во материјата за населелувањето, односно живеењето на евреите на овие простори, а тоа се векови, тие биле дел од нас. Она што сакам да го потенцирам и е голем дел од книгата е како таа заедницата после големата катастрофа – Холокаустот на толку илјади евреи од Македонија се обновува заедницата, ги зачувува традициите, и како тие соработуваат со новите власти, со македонското општество, генерално, во тој колоритет на етнички, културни и други вредности и како ги споделуваат со другите нации кои живеат во земјава, вели Габер.

Тој меѓу другото ја истакнува и паралелата во судбината на македонскиот и еврејскиот народ во процесот на создавање национални држави, еверјската во 1948 година и македонската во 1944 прво во рамки на Федерацијата, а потоа и со осамостојувањето во 1991 година.

-Во скоро истиот временски период и во познатиот геополитички поствоен еквилибриум – кај Македонецот општословенското етничко културно чувство транспонирано врз територијалната деноминција создава база за национална самоиндетификација и формирање сопствена држава, додека кај евреите религиозната самоидентификација иако територијално и јазично дисперзирана, ги удира темелите на националната држава во мечтаената Палестина, вели Габер.

Промоцијата на книгата е во рамки на одбележувањето 75 години од возобновување на Еврејската заедница во Северна Македонија по Холокаустот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *