Почетна Анализа Фељтон- анализа: Како владиката Григориј во 2019 гледаше на автокефалната црква во Украина? (2)
Фељтон- анализа:  Како владиката Григориј во 2019 гледаше на автокефалната црква во Украина? (2)

Фељтон- анализа: Како владиката Григориј во 2019 гледаше на автокефалната црква во Украина? (2)

2.52K
0

Супрематијата е невралгична точка во православието(Црквите во Украина и во Македонија ‒ како камен на сопнување во Православието). Ова е наслвот, на еден прилично обемен, научен труд на Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј, пишуван во 2019 година, тогаш како Архимандрит и игумен на манастирот Свети Јоаким Осоговски. Статијата е на 59 страници и е пишувана непосредно по официјалното доделување на Томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност на Православната црква во Украина. Конкретен повод е анализа на ставот на СПЦ во поглед на оваа автокефалност, која не се согласи со постапките на Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Но, авторот прави паралели на украинското со македонското црковно прашање, воедно поистоветувајќи ги ставовите на руската и на српската црква. Едната за Украина, другата за Македонија.

Зошто ова четиво е исклучиотелно вредно да се чита и да се анализира? Религија.мк, жали што овој текст не може да го објави интегрално, бидејќи станува збор за авторски научен труд, а таков труд е невозможно да се објави без согласност на авторот поради авторските права. Но, затоа религија.мк прави фељтон-анализа, користејќи цитати од текстот во рамки на она што не би значело нарушување на авторските права за реобјавување.

ДЕЛ ВТОРИ

Владиката Григориј во своето дело посветено на црковниот проблем во Украина, во кое го анализира ставот на СПЦ за ова прашање прави доста интересни согледувања за суштината на проблемот. Гелерално во својата анализа смета дека постапките на Цариградскиот патријарх во Украина се лошо изведени, но за ставовите на СПЦ, со кои ги напаѓа постапките на Цариград, вели дека се повлечени во очај, истокако кога се нема пристоен контра-аргумент. Конкретно во текстот пишува:

„Тие се противат на постапките од Цариградскиот патријарх г. Вартоломеј …. а тоа, пак, укажува, и притоа е силен доказ, дека во СПЦ постои судир на интереси (а не апологија на Православието, како што лажат). Самите тие кои вовеле политикантство во верата, сега со хипокризија изразуваат форма на несогласување за решавањето на кризата во УПЦ?! Впрочем, тие (заедно со Русите) се оние кои од памтивек теженеат кон благодатен анархизам; „ти, кој се фалиш со Законот, а престапувајќи го Законот, Го срамотиш ли Бога?” (Рим 2, 23)., пишува во статијата.

Следствено на тоа владиката реторички прашува зошто ако, „Српските (и Руските) кралеви (и цареви) можело да бараат автокефалност на Српската Црква, а денешните претставници на народот (во Украина, или каде било, каде што преставниците на власта се православни, па дури и да не се) ‒ не смеат?“.

„Аргументот што СПЦ го изнесува не е во согласност (или е во спротивност) со аргументите од нивните дејствувања, како и активностите што ги вршеле во историјата за стекнување на автокефалност (чијашто 800 годишнина ќе ја прославуваат). Особено, што СПЦ (изворот А) ги критикува активностите на Украинската Црква/Цариградскиот патријарх (изворот Б); tu quoque одговорот е дека и СПЦ во историјата дејствувала на сосема истиот начин. Впрочем, унилатерална постапка (раскол, како што милуваат да го нарекуваат во СПЦ) извршил тогашниот монах Сава Немањиќ (денешен патрон на СПЦ ‒ свети Сава Српски, личност која во Србија се смета за најзаслужна за духовниот развој на автокефалната СПЦ) целосно заобиколувајќи го, во тоа време врвниот каноничар и негов надлежен претстоител (на Охридската архиепископија) Димитриј Хоматијан. Потврдата на овој наш контра‒аргумент се црковните права и црковните истории, напишани од еминентни српски професори, дека монахот Сава имал единствен „аргумент за автокефалност” ‒ „јасна визија пред себе, а тоа било самостојна, автокефална Српска црква” ‒ „несомнено” голема визија, но зошто е забрането други да имаат таква визија?“, пишува владиката Григориј во неговото дело.

Понатаму во анализта тој констатира дека споредбата е експлицитна! Односно дека „СПЦ смета дека праведно е токму она што тие го направиле пред 800 години (дека е праведно искористувањето на сложените политички околности на Балканот во почетoкот од XIII век), а е неправедно ова што денес го прави Украинската Црква/Цариградскиот патријарх.

„И повторно, дека е праведно нивното (од СПЦ и руското од РПЦ) окупирање на туѓи територии (во XXI век), а е неправедно, на пример, созревањето на автономијата, и желбата на верниот народот (jus divinum) и на суверената држава (jus gentium), поради својот Устав и обичаи (leges at mores), за сецесија од автокефалната црква. Впрочем, единствен модел на добивање автокефалност е значителниот раст и развој на автономната црква, и, ако се нема разбирање за барањата од народот, како и од државната власт за автокефалност на Црквата, тогаш адекватен метод е сецесијата за стекнување автокефалност, пишува во анализата.

Во продолжение на анализата владиката се концентрира на ставот на СПЦ за канононичноста, или неканоничноста на Вселенската патријаршија да го решава ова прашање. Користејќи цитат од ставот на СПЦ, владиката заклучува:

„СПЦ не го признава неканонското вложување на Неговата сесветост патријархот Цариградски во канонскиот простор на најсветата Руска Црква, бидејќи Киевската митрополија на никаков начин не може да се поистоветити со денешната ʽУкраинаʼ”. O tempora, o mores! Овој цитат, од точка 2 од Ставот на СПЦ, е заблуда, бидејќи диспозицијата вештачки да се создаде одреден аргумент, не го прави аргументот легитимен ‒ паралогизам или „грешка на контроверзен епитет”; ова се преклопува со генетската заблуда (аргумент дека тврдењето е неточно поради неговиот неавторитетен извор), што претставува, пак, очигледен парахронизам, оттаму што значењето на некогашниот Киев за Русија, настан од минатото време, му се дава преголема и истозначна вредност ceteris paribus во иднината. Постапките од СПЦ ни оставаат впечатокот, на пример, СПЦ нè убедува дека изградбата на автопатите од денешните европски коридори е за употреба на средновековните кочии влечени од коњи.“, пишува владиката Григориј.

Критичкиот осврт на владиката за ставот на СПЦ за Украина го темели и на историскиот факт дека СПЦ два пати извршила сецесија, односно отцепување од канонска јуриздикција на две автокефални цркви – еднаш од Охридската Архиепископија, втор пат од Вселенската патријаршија.

„На СПЦ, игнорирајќи ги побивањата (ignoratio elenchi), постојано им недостасуваат аргументи, особено оние коишто можат да бидат логички или правно легитимни; затоа заклучоците од СПЦ (поради булверистичка заблуда на ирелевантност кон аргументите од Цариградскиот патријарх) не успева да помогне во решавањето на проблемот за „расколот во Украина”. Нивниот заклучок дека: „Повторно го замолуваат Неговата сесветост патријархот г. Вартоломеј да ги ревидира своите досегашни одлуки, и да ја ваоспостави поранешната благословена љубов”, спаѓа во широка класа релевантни грешки, тоа е нивна суптилна заблуда (дисимулација од СПЦ, како „наводно” нивно право за да се избегнат „правните” последици), бидејќи звучи како да го замолуваат ретроактивно да ги ревидира и поранешните одлуки (од 1219 и 1922 година), коишто се донесени во нивна полза (заблуда што произлегува од незнаењето на природата на тоа што го демантираат). Хипотетички, евентуалниот таков чекор (ревидирање на одлуките на Цариградската патријаршија за давање автокефалност од 1219 и 1922 година) на Цариградскиот патријарх, би бил оправдан, со оглед на тоа дека ниту една Помесна Црква, освен четирите од пентархијата и Кипарската Црква, немаат легитимитет за својата автокефалност од некој Вселенски или Помесен Собор; за разлика, пак, од Охридската архиепископија којашто секако може да се смета за наследничка на Јустинијана Прима, нејзе тоа ѝ следува според принципот на локациската екстерналија, што, пак, настојувал да ја оствари свети Јустинијан, таму (овде на поголемиот дел од денешната територија на Северна Македонија ‒ Macedonia Secunda/Salutaris) од каде што потекнувал., пишува во анализата.

Во следниот дел од анализата, сега владиката, а тогаш Архимандритот Григориј, корист жесток критички речник за СПЦ и нејзините ставови во поглед на правото Украина да има своја автокефалност, што за авторот е неспорно и легитимно право. Еве како тоа изгледа напиано од неговире раце:

„СПЦ, занемарувајќи ја сериозноста на УПЦ, којашто има устроена Црква со над 70 епископи, монаштво, храмови, богословии, факултети. Исто така, го занемаруваат фактот што УПЦ нема никогаш да отстапи од својата намера за автокефалност. СПЦ тврди дека „она што грбаво ќе се роди, времето не може да го исправи”, но сите новоформирани Помесни Православни Цркви се „грбаво родени”, со сецесија, бивајќи долго време во раскол (пример, РПЦ била непризната од Цариград 141 год.), сепак времето ги исправило; исто како што СПЦ во XIII век е „грбаво родена”, неканонски создадена, па со текот на „времето” ја поправила сопствената каноничност., пишува Григориј во својата анализа.

(ПРОДОЛЖУВА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *