Почетна Вести ФБИ ги истражува заканите за поставени бомби во центрите на Еврејската заедница низ САД
ФБИ ги истражува заканите за поставени бомби во центрите на Еврејската заедница низ САД

ФБИ ги истражува заканите за поставени бомби во центрите на Еврејската заедница низ САД

21
0

Американското Федерално биро за истрага (ФБИ) соопшти дека е покрената широка истрага за вториот, масовен бран закани за поставени бомби во објектите каде се сместени Центрите на еврејската заедница ширум САД.

Вчера 27 вакви центри, во 17 сојузни американски држави, имаат примено заканувачки телефонски пораки за поставени бомби, што подоцна се покажало дека биле лажни.

fbiПовиците сепак предизвикале вознемиреност, па сите центри кои имале примено вакви закани, биле итно евакуирани.

Полицијата соопшти дека ништо сомнително не било откриено, како и дека никој во сите овие инциденти не бил повреден.

Според медиумите во САД и во Израел, кои пишуваат за заканите, никој досега не ја презел одговорноста за испраќањето пораки.

Такви закани првпат се регистрирани на 9. јануари годинава, кога пораки по телефон примиле 16 еврејски центри во девет сојузни држави на САД.

Израелскиот весник „Хаарец“, кого го цитираат американските медиуми, открива дека изјавите биле снимени, па преснимувани, а биле користена и техниката за придушување на гласот на оној кој ја прајкал заканата, за да не може да се открие неговиот идентитет.

Сите Центри на еврејската заедница во САД кои се „нападнати“ на таков начин се образовни или здравствени.

Претставник на ФБИ признал дека полицијата нема се уште осомничени лица  како и тоа дека не се знае мотивот.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *