Почетна Вести Фанар по 95 години избра митрополит на Смирна (Измир)
Фанар по 95 години избра митрополит на Смирна (Измир)

Фанар по 95 години избра митрополит на Смирна (Измир)

202
1

Прв пат по прогонот од 1992 година Вселенската патријаршија избра митрополит на Смирна. На чело на оваа епархија доаѓа главниот секретар на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија, Вартоломеј Самарас. Тој и официјално ќе биде ракоположен на 11 септември во Патријаршискиот храм „Свети Ѓорги“ во Фанер, од острана на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Vartolomej smirnaТој ќе го изврши и чинот на устоличување на новиот Митрополит на 24 септември, во храмот „Свети Вукол“, која се уште се користи како музеј од локалните власти.

Идниот смирненски Митрополит ќе продолжи да ги извршува задачите како главен синодски секретар.

Заедно со ова во Фанер е избран и нов епископ за областа на Смирна. Тоа е архимандрит Кирил, кој што со години е единствениот православен клирик во југозападните делови на Турција.

Архимандритот Кирил ќе биде ракоположен на 25 септември во Смирна (Измир). Тоа ќе биде првото ракополагање на епископ во Турција, надвор од Фанер во последните 95 95 години. Идниот епископ ќе ја носи титулата Еритрејски.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *