Почетна Вести Факултетот за Безбедност-Скопје и Богословскиот факултет-Скопје заеднички преку меѓурелигискиот дијалог до поголема безбедност
Факултетот за Безбедност-Скопје и Богословскиот факултет-Скопје заеднички преку меѓурелигискиот дијалог до поголема безбедност

Факултетот за Безбедност-Скопје и Богословскиот факултет-Скопје заеднички преку меѓурелигискиот дијалог до поголема безбедност

472
0

Делегација на Факултетот за безбедност-Скопје предводена од продеканот за наука и развој  доц. д-р Марјан Ѓуровски, заедно со Раководителот на Катедрата за општество-политички и правни науки проф. д-р Цане Мојаноски и доц. д-р Александар Иванов била во 0посета на Богословскиот факултет „Св.Климент Охридски„-Скопје придружна членка на Универзитетот „Св.Крил и Методиј„-Скопје и имале средба со Деканот проф. д-р Ѓоко Ѓорѓиевски и продеканот за настава доц. м-р Петко Златевски.

На средбата се разговарало за идната соработка меѓу двете високо образовни институции, подготовка на заеднички проекти и научно- стручни конференции и дебати со цел потикнување на позитивното влијание на интеркултурниот и меѓурелигискиот дијалог врз миграциите, справувањето со тероризмот и новите безбедносни предизици превенирање на насилството и радикализмот во секојдневното живеење, и др.

На средбата се разговарало и за споделување на искуствата и знаењето од современите форми на обезбедување  на верските објекти кои се изложение на кражби и скрнавење.

На крајот за потребите на професорите и студентите од Факултетот за безбедност-Скопје им биле врачени повеќе примероци од издадениот зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Свети климентовите пораки за етиката, моралот и вредностите„ што ја организираат минатата година двата Факултети по повод 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *