Почетна Политичка теологија Факултетот за безбедност и КОВЗГ ќе работат на воведување капелани
Факултетот за безбедност и КОВЗГ ќе работат на воведување капелани

Факултетот за безбедност и КОВЗГ ќе работат на воведување капелани

82
0

Факултетот за безбедност и Комисијата за односи со верските заедници ќе работат на заеднички проекти против верскиот радикализам и капеланите. Ова е еден од заклучоците од средбата на продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност Скопје доц. д-р Марјан Ѓуровски со Директорот на КОВЗГ Даријан Сотировски.

Идејата е двете институции да потпишат Меморандум за соработка и заеднички да се организира дебата за влијанието на верските заедници и религиозни групи врз безбедноста, со посебен акцент на верската радикализација, дерадикализација и ресоцијализација во општеството.

-Од страна на директорот беше искажана подготвеност заедно со Факултетот за безбедност-Скопје преку истражување и организирање на заедничка дебата да се отвори прашањето за капелани во безбедносните-одбранбени институции и пенитенцијарните установи во земјата. На средбата директорот се заблагодари за партиципацијата на Факултетот за безбендост и нејзините студенти во испитување на јавното мислење кое го спроведува оваа институција. Воедно стана збор за реализација на заедничка конференција каде дел од резултатите кои ќе бидат презентирани со анализа на прашања што дел опфаќа во својата област и Факултетот за безбедност-Скопје, соопштуваат од Факултетот за Безбедност

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *