Почетна Вера Европски ден на еврејската култура
Европски ден на еврејската култура

Европски ден на еврејската култура

215
0

Еврејската заедница во Република Македонија вечер во Македонскиот народен театар ќе го одбележи Европскиот ден на еврејската култура – манифестација која истовремено се одржува во 32 европски земји, а во Македонија се организира 11-ти пат.

evrejska zaednica 1Секоја година темата на одбележувањето е различна, а ја поставува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство. Оваа година темата на Европскиот ден е „Еврејски јазици“.

Ќе биде изведена претставата „Еврејски јазици: колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш“, базирана на романот „Роман во слики“ од Гордана Куиќ, а во режија на Снежана Коневска-Руси.

– Преку глума, музика и танц, на сцената ќе прикажеме магичен спој на јазици – џудео-еспањол, јазикот на сефардските Евреи, хебрејски, ромски, српски и македонски, соопшти Еврејската заедница во Република Макеоднија.

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *