Почетна Вести Христијанство Европската епархија доби своја интернет страница
Европската епархија доби своја интернет страница

Европската епархија доби своја интернет страница

153
0

Европската епархија на МПЦ-ОА го лансираше својот интернет сајт, на кој верниците на МПЦ-ОА од Европа, но и од Македонија редовно ќе можат да ги добиваат најновите информации поврзани со црковниот живот на Македонците од Европа.

Mpee.mk е линкот на кој сите кои сакаат да ги дознаат најновите информации за активностите на Европската епархија ќе можат да го користат.

Европската епархија на МПЦ-ОА, со која раководи Митрополитот г. Пимен е една од епархиите на МПЦ-ОА, моја изминативе години добива голем развој на црковниот живот. Под раководство на отец Пимен за неколку години беа оформени голем број црковни општини кои сега се место во кое се обединува македонската дијаспора во Европа. Особено за потенцирање е фактот дека од моментот кога отец Пимен ја презеде Европската епархија, МПЦ-ОА доби неколку свои светилишта кои ги изградија македонските верници во Европа.

Европската епархија со својот брз и организациски развој, станува една од најорганизираните епархии на МПЦ-ОА во дијаспората.

Религија.мк, и честина на Европската епархија за својата интернет страница.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *