Почетна Вести Европа ја измени смислата на Рождеството Христово
Европа ја измени смислата на Рождеството Христово

Европа ја измени смислата на Рождеството Христово

307
0

Игуменот на светогорскиот манастир Ватопоед, Архимандрит Ефрем, тврди дека Европа ја изменила смислата на празнувањето на Божик. Тој ги повикал грчките верници да не ги прифаќаат методите кои се практикуваат во Европа, бидејќи тие не се во духот на традицијата.

vatoped-Денес луѓето немаат мир затоа што не го бараат Христа. Главниот дар кој сите ние треба да Му го принесеме на Христа е покајанието. Европјаните паднаа во прелест. Да не одиме по нивните стапки. Како аголен камен тие го поставија само земното знаење, сакаат да стекнат степен на образование. Целиот денешен беспоредок е поврзан со распространувањето на гревот и признавањето на развратот за легитимен. Нас, Светогорците, таквиот развој на настаните многу не загрижува, изјавил Ефрем.

Тој го потенцирал извртувањето на смислата на празникот Божик што се денес се случува во Европа, која според него, го претворила овој верски празник во световен.

-Сите овие години, Европа се стреми и продолжува да се труди да го уништи грчкото семејство и нашата православна вера. Денес Црквата доживува гоненија. Неопходно е да се запази Православието и Преданието, кои не сочуваа во текот на целата историја на нашата Татковина, потенцирал Игуменот на манастирот Ватопед.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *