Почетна Вера Еврејска заедница Евреите ја одбележаа Новата Година – Рош Хашана 5778 година
Евреите ја одбележаа Новата Година – Рош Хашана 5778 година

Евреите ја одбележаа Новата Година – Рош Хашана 5778 година

71
0

Евреите ширум светот денеска го прославија празникот Рош Хашана, со која го прославуваат почетокот на новата 5778 година според еврејскиот календар.

Овој празник во традиционалниот јудаизам се слави на 1 и 2 тишри (септември-октомври). Во Библијата овој ден е означен како ден на собирање и дување во труби (Лев 23,24), а славењето на овој празник како почеток на новата година има свое потекло во Талмудот, каде овој ден се смета за ден на создавањето на светот.

За разлика од новогодишните обичаи кај другите народи, кај Евреите овој празник е одбележбува со присетување на гревовите и покајување. Се дува во рог од овен наречен „шофар“, чии звуци, кои потсетуваат на плач, треба да повикаат на покајување.

Тоа е почеток на религиозниот календар, кога човекот треба да го среди својот живот.

На првиот ден од празникот, верниците одат до реки каде што има риби, кажуваат молитви и во водата се фрлаат трошки леб, што симболизира отфрлањето на гревот.

Првите два дена од празникот, е забранета секаква работа, освен за подготовка на храна. Верниците се облекуваат свечено, при што пожелно е облеката да биде бела, и одат во синагогите каде се молат. Тоа го прават 10 дена до празникот Јом Кипур.

Родителите ги благословуваат децата, а мајката, со празничен благослов, пали свеќи. Ако празникот падне во недела, тогаш не се палат свеќи.

Новогодишната вечера има карактер на семеен собир. Обичај е вечерата да започне со конзумирање на јаболка и мед, со цел годината да биде „слатка“.

На трпезата традиционално се наоѓаат разни плодови и за секој се кажува посебна молитва.Задолжително е да се послужат мед, ореви, морков, спанаќ, грав, глава на риба, тиквички и урми.

По празникот, почнува покајничкиот период, кој трае десет дена и завршува со Јом Кипур – Денот на помирувањето, најважниот и најтажниот ден во еврејскиот календар, кога Евреите се сеќаваат на починатите. Рош Хашана не е семеен празник, па освен кратка вечера дома, целата церемонија се одвива во храмовите.

Рош Хашана се честита само во едноставна форма: „Шана това!” – Среќна или добра Нова година.

Во Израел и во светот, верниците ја честитаат Нова година со изразот „Лешана това тикатеву! – Нека ти биде напишана Новата година!“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *