Евангелско-методистичката црква во Македонија изразува сочувство по трагичниот настан во Кочани

Date:

Share post:

Со голема вознемиреност и жал ги примивме информациите за големата трагедија што се случи вчера во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Навистина, тоа се моменти кои совесните луѓе и оние кои искрено ги сакаат и почитуваат своите ближни никому не му посакуваат такво нешто. Додека оние, кои гледаат да дојдат само до дополнителна материјална корист воопшто не размислуваат за одговорноста и цената на животот, па дозволиле еден настан од такви големи размери да се одржи во такви бедни услови, велат од Суперинтендент на ЕМЦ во Македонија, Пастор Марјан Димов.

-Но колку и да бараме сега кривица кај другите, со тоа нема да ги вратиме животите на оние кои пострадаа, ниту, пак, ќе ја одземеме болката од оние кои беа повредени и од оние кои ги загубија своите мили. Во името на Евангелско-Методистичката Црква во Македонија сакам да изразам искрено сочувство до фамилиите на повредените и настраданите во тој немил настан. Посебно сочувство упатуваме до семејството на нашиот пострадан сограѓанин Ѓорги Ѓоргиев. Повторно ќе кажам, нема такви зборови со кои би се опишала загубата на животот и болката на останатите позади нив. Нека вистинскиот жив и вечен Бог, Кој се објави во Исус Христос, ги утеши вашите срца, велат од ЕМЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...