Почетна Вести Евангелие старо 313 години реставрирано во Бигорски
14
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Евангелие старо 313 години реставрирано во Бигорски

976
0

Професорот по реставрација на книги и ракописи од Вишата црковна академија во Солун, Николаос Манѕурис успешно го реставрирал најстарото евангелија во Бигорскиот манастир.

13Станува збор за книга печатена во Москва, во 1703 година, во времето на Петар Велики која сега се наоѓа во библиотеката на Бигорскиот манастир.  Ова евангелие старо 313 години еднаш било реставрирано. Според испитувањата направени на хартијата тоа било во периодот помеѓу 1837 и 1857 година, но оваа реставрација значително го променила неговиот изглед.

Сегашната повторна реставрација, по идеја на Архимандритот Партениј, била неопходна поради целосното уништување кои и се заканувало на книгата.

Професорот од солунската академија, Манѕурис бил повикан како еден од познатите реставратори на старопечатени книги, кој работел на реставрации во библиотеките на светогорските манастири Ватопед, Дохијар, Ксиропотам и др.

– Беше одлучено да се користи методот на санација при која ќе се задржи последниот изглед на книгата, а реставрацијата беше спроведена во текот на четириесет дена. Грбот беше зацврстен, хартијата исчистена од прашина и восок, сите искинати и нагризани делови од хартијата и дрвото беа надополнети, се стави нова прекривка од кадифе, а металните украсни делови беа поправени и повторно позлатени. Сите интервенции – лепење, шиење и сл, се извршија на истиот начин кој се користел во времето на создавање на книгата, односно на нејзиното прво реставрирање, а за надополнување се користеше рачно изработена јапонска хартија со тежина како оригиналната, велат од Бигорскиот манастир.

Инаку оваа реставрација е дел од еден цел процес на реставрирање на старопечатени кинги што монастите од „Бигроското семејство“ го почнаа пред неколку години.

2– Овој проект е дел од многуте потребни мерки кои треба да се спроведат за прописно функционирање на бигорската книгохранителница, како би можела таа да ги отвори вратите за сите заинтересирани истражувачи. Се уште е потребно уредување на соодветната просторија која ќе се користи како депо, со што ќе се исполнат условите нашата Свештена Обител да си ги поврати и изложи за јавност своите десет ракописи од 15 и 16 век, а кои денес се наоѓаат во Државниот Архив, велат од Бигорски.

За оваа реставрација на најстарото евангелие монасите ја искористиле донацијата од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, тие апелираат сите оние кои сакаат да помогнат во реставрирањето на старите бигорски книги и опремувањето на депото и на тој начин да придонесат за зачувување на историските споменици на Христијанството.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *