Почетна Вести Свет Ерусалимскиот Патријарх Теофил одбегна да одговори кого поддржува во украинскиот црковен спор
Ерусалимскиот Патријарх Теофил одбегна да одговори кого поддржува во украинскиот црковен спор

Ерусалимскиот Патријарх Теофил одбегна да одговори кого поддржува во украинскиот црковен спор

249
0

Во интервју за српскиот весник Курир, Патријархот на Ерусалим. Теофил одбегна одговор на прашањето за која од двете страни во украинскиот црковен спор – Москва или Вселенската патријаршија смета дека е во право.

-По прогласувањето на автокефалноста на Украинската православна црква, дојде до раскол меѓу Вселенската патријаршија и Московската патријаршија. Чии аргументи ги поддржувате и колку е штетна оваа состојба за целото православно христијанство, е прашањето од интервјуто.

– Како патријарх на Ерусалим и чувар на Христовиот гроб и на светилиштата на Светата земја, се молам за единството на сите православни христијани. Мојот одговор е јасен: Се молам за единството на сите православни христијани и не сакам да коментирам на начин што може да влијае на единството на православните христијани и на православното христијанство воопшто. Важно е сите православни христијани да бидат дел од една, света, соборна и апостолска црква. Оние што разбираат што значи света, соборна и апостолска црква, добро разбираат кој е мојот одговор на вашето прашање, изјавл Теофил.

Овој одговор покажува дека Ерусалимската патријаршија не сака да падне во каква било изолација со јавно поддржување на Москва или Цариград и смета дека еднострано прогласениот раскол од страна на РПЦ е штетен за црковното единство. Сепак, одговорот може да се толкува и како што значи дека сите православни христијани, вклучително и оние во Украина, е важно да припаѓаат на една Христова црква и не можат да бидат оставени во раскол.

/DVERI.BG

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *