Почетна Вести Ерусалимскиот патријарх 11 години во заложништво- грчките владици жалеа за Вранишковски, а немаат милост за гркот Иринеј
Ерусалимскиот патријарх 11 години во заложништво- грчките владици жалеа за Вранишковски, а немаат милост за гркот Иринеј

Ерусалимскиот патријарх 11 години во заложништво- грчките владици жалеа за Вранишковски, а немаат милост за гркот Иринеј

1.20K
2

Ослободување од заложништвото долго цели 11 години на сменетиот ерусалимски патријарх Иринеј побара деновиве грчкиот владика Амвросиј бидејќи смета дека тој е неправедно осуден од страна на Ерусалимската патријаршија.

Ова е ново обраќање на овој владика кој е упорен во докажувањето на невиноста на разрешениот патријарх кој е симнат од тронот во 2005 година по аферата за продажбата на црковен имот во Ерусалим. Но, и покрај ова, и други докази што одат во прилог на невиноста на поранешниот патријарх, кој е Грк по националност, тој и натаму е принуден да не смее да ја напушта својата ќелија во Патријаршијата. Без реакција остануваат владиците кои се членови на Синодот на Ерусалимската патријаршија, владиците на Вселенската патријаршија, како и на Грчката православна црква, кои на свој начин беа инволвирани во случајот на неговото отстранување од престолот.

За разлика од овој случај, грчките владици од овие три православни цркви беа мошне солидарни и единствени во ставовите кога беа во прашање заложбите за ослободување од затвор на Јован Вранишкоски поради што на тапет беше Македонската православна црква, но и Македонија како држава.

irinej-zatvor– Многупати досега сум се обраќал за случајот на ерусалимскиот патријарх Иринеј кој е маченик на православието, затворен во самица, во својата ќелија. Светите канони предвидуваат тој да може да биде расчинет само ако отстапил од верата или морално паднал. За ништо такво тој не е обвинет, но сепак е сменет. Останува затворен во својата ќелија, лишен на секаква човечка грижа, но и внимание. Поглаварите на православните цркви се глуви за ова долготрајно кривично дело и имаат голема вина пред Бога и пред луѓето – напиша во своето јавно обраќање овој грчки владика.

Сменетиот патријарх сето ова време практично е затворен во својот стан во стариот град на Ерусалим откако експресно бил сменет поради наводни малверзации со продажбата на црковната парцела на еден инвеститор Евреин во делот на градот кој е населен со Палестинци, а меѓу кои има и со православна вера. Продажба на земја на некој Евреин во источен Ерусалим тие ја сметаат криминален акт, особено поради тоа што овој Евреин планирал градба на населба за Евреи доселеници. Тоа повлекло експресно сменување на дотогашниот патријарх во 2005 година.

– Не сум знаел за продажбата и не сум сторил ништо лошо – се зборовите на сменетиот патријарх на кој храната секојдневно преку јаже му ја доставува Палестинецот Абу Амар, кој инаку е муслиман.

По смената што ја поддржале Вселенската патријаршија и Грчката православна црква, на неговиот трон седнал сегашниот патријарх Теофил. На Иринеј не му помогнало ниту тоа што подоцнежната истрага по налог на палестинските власти покажала дека тој не учествувал во никаква продажба. Се покажало дека на целата продажба и кумувал неговиот советник Апостолос Вавилас за кого Иринеј тврдел дека му е подметнат, а Соборот на Ерусалимската патријаршија – дека тие двајца се стари соработници.

Сменетиот патријарх залудно се бранел дека земјиштето на било продадено, туку дадено под закуп и дека тој Грк бил примен кај него по инсистирањето на воениот аташе од грчката амбасада во Ерусалим. На крајот Соборот на ЕП, кој го разрешил, утврдил дека тој сепак бил одговорен за она што се случило.

БОГАТА МАЈКА НА СИТЕ ЦРКВИ

Поврзано за овој случај во грчките верски медиуми се појавија и информациите за голем имот кој е во сопственост на Ерусалимската патријаршија која ја нарекуваат и мајка на сите цркви. Така, се наведува дека таа поседува 30 проценти од целиот недвижен имот во стариот дел од Ерусалим и 1/5 од земјиштето во целата држава Израел. Освен ова, Патријаршијата има недвижен имот и во Јордан, Палестина, Грција, Kипар, Турција и САД.

Се проценува дека имотот вреди околу 50 милијарди долари.

/ДНЕВНИК

Коментар(2)

  1. Ubav naslov. Erusalimskiot patrijarh Irinej, veke 11 godini e vo domashen pritvor. Kakva tragedija. Se razbira ova seto e poradi necii licni interesi. Grcite znaat da komentiraat i da se meshaat vo se i seshto, ama za ovoj slucaj so godini si kutat. Pa da bese navistina vinoven patrijarhot Irinej zarem taka ke go ostavea. Nepravdi.

  2. Ерусалимскиот Патријарх Иринеј I
    е 100 % антиекуменист.
    Вранишковски е 100 % екумениста.
    Крајни спротивности или антиподи се.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *