Ерусалимската патријаршија со реакција за израелските напади врз болници во Газа

Date:

Share post:

Еруслаимската патртијаршија остро ги осудува нападите врз болници во појасот Газа, каде вчера беше погодена исто така една болница.

Во првите утрински часови на овој ден, Арапско-Баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, место на лечење и со децении посветено на христијанското дело на милосрдие, беше погодена од израелски воздушен напад, со што беа ставени вон функција одделот за итни случаи и други критични медицински единици. Пациенти во ранлива состојба беа принудени да ги напуштат ходниците, вклучително и деца. Меѓу нив и едно дванаесетгодишно дете, кое загина за време на хаотичната евакуација. Оваа смрт, како и сите останати, е тивок повик, потсетник на возраста на невиноста што страда, тогаш кога најмногу би требало да биде згрижена.

Оваа болница, веќе оптоварена од повеќемесечна опсада, беше последен светилник на медицинска надеж во Газа, бидејќи десетици здравствени установи се систематски уништени. Губењето на вакви прибежишта на живот и достоинство претставува трагедија што ги надминува границите на политиката и се приближува до границите на светото.

И покрај уништувањето, светлината на верата останува незагасната. Во Стариот Град на Газа, во населбата Зајтун, историскиот храм на Свети Порфириј ги одржа редовните служби за Цветници и молитви исполнети со умиление, сведочејќи за мирот Христов, кој останува жив, дури и кога тагата го опкружува олтарот, стои во реакцијата на Ерусалимската патријаршија.

Црквата на Ерусалим, како чувар на Светиот Христов Гроб, која секојдневно го поминува патот на Неговите страдања и Воскресение, не може да ги сврти очите од оваа страшна состојба. Одговараме со молитва, сведочејќи ја вистината дека милоста е посилна од омразата и дека човештвото, и покрај несреќите и болките, не се плаши и не губи надеж. Зашто е напишано: „И ќе избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема веќе да има, ни жалост, ни плач, ни болка нема веќе да има“ (Откровение 21:4). Господи Исусе Христе, небесен Лекару, смилувај се на Газа., стои во реакцијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...