Почетна Вести Европа ЕРДОГАН: Во Турција реставрирани 14 цркви и синагоги
ЕРДОГАН: Во Турција реставрирани 14 цркви и синагоги

ЕРДОГАН: Во Турција реставрирани 14 цркви и синагоги

120
0

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на отворањето на железната црква во Истанбул изјави дека повторното отворање на црквата е важна порака за меѓународната заедница.

-Веруваме дека должност на државата е на сите да им се обезбеди слободно изразување на религијата“, изјави турскиот претседател, потсетувајќи дека Турција во последните 15 години финансира реставрирање на повеќе од 5.000 артефакти.

Турскиот претседател изјави дека во последно време во Турција се реставрирани 14 цркви, меѓу кои се Големата синагога во Едрeне, црквата Аја Никола на островот Гокчеада, Протестантската ерменска црква во Дијарбакир, црквата Низип Февкај во Газиантеп, Црквата Таксијархис на островот Кунда, како и Црквата Аја Јорги во Едирнекапи (Адријанополска порта).

„-Железната црква е финале на оваа работа, последниот пример“, изјави Ердоган на отворањето на Црквата Свети Стефан во Истанбул. Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, оцени дека повторното отворање на црквата е најдобар пример на верска толеранција која неговата земја ја покажува кон другите вери.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *