Почетна Вести Ердоган: Тероризмот нема религија (ВИДЕО)

Ердоган: Тероризмот нема религија (ВИДЕО)

179
0

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера ја прогласи за отворена најголемата џамија во САД, која е дел од турко-американскиот исламски центар во Вашингтон.

Комплексот кој според проценките чини околлу 100 милиони долар и целосно финансиран од Турција.

-За жал, минуваме низ тежок период за муслиманите, во кои светот често покажува со прст по терористичките напади. Затоа мислам дека овој центар ќе има клучна улога во помирувањето на Америка со нејзиниот ислам, изјавил турскиот претдедател на отворањето на џамијата.

Иако Ердоган го покани, сепак американскиот претседател Барак Обама одби да ја прифати понудата и тој да учествува на вчерашната свеченост.

Односите меѓу Анкара и Вашингтон се влошија откако Турција почна офанзива против курдските сојузници на САД во борбата против џихадистите на ИСИС.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *