Почетна Вести Ердоган ќе се моли во Света Софија на Велики Петок?
Ердоган ќе се моли во Света Софија на Велики Петок?

Ердоган ќе се моли во Света Софија на Велики Петок?

380
0

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петок на 14 април, два дена пред референдумот во Турција ќе ја посети Аја Софија и ќе учествува на петочната вечерна намаз молитва, соопштуваат грчките медиуми.

Настанот се поклопува со Велики Петок, кого Христијаните го чествуваат како најстрадален ден во Христијанството, денот кога Христос бил распнат. Токму поради ова, грчките медиуми најавата за овој настан го оценуваат како голема провокација од Ердоган, со оглед на тоа што некогашната црква Света Софија, а потоа Џамија, денес со одлука на Кемал Ататурк е прогласена за музеј, споменик на културата.

-Претседателот на Турција Реџеп Теип Ердоган ќе одржи муслиманска вечерна молитва во петок, спроти 15 април, во Света Софија, заедно со целата влада и главните чиновници, ја пренесуваат грчките медиуми веста, повикувајќи се на извор од турската влада.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *