Почетна Вести Ердоган ќе ја отвори најголемата џамија во САД
Ердоган ќе ја отвори најголемата џамија во САД

Ердоган ќе ја отвори најголемата џамија во САД

140
0

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска саботата 2 април,  ќе го отвори најголемиот џамиски комплекс во САД, односно центарот на турско-американската култура и цивилизација, пренесуваат американските медиуми.

dzamija sadОколу 3.000 верници можат во исто време да бидат во и околу џамијата, која се наоѓа во предградието на Вашингтон, во Мериленд.

Оваа најголемата џамија заедно со целиот комплекс во САД е изградена со средства од Турција и под контрола на турската верска Фондација Дијанет.

-Овој комплекс не е направен само за муслиманите, туку ова е простор за средби на луѓе од различни етнички и религиозни корени, велат иницијаторите за изградба.

Комплексот е изграден во селџучки архитектонски стил. Во има библиотека, сали за конференции и изложбен простор за приеми, станбени објекти, спортски центар, училиште (медреса) и амам.

Ердоган е речиси една недела во посета на САД.

Турците кои живееле во близина, претходно имаа направено импровизирана мала џамија, пред овој комплекс да почне да се гради во 2013 година.

Инаку Реџепт Ердоган пред доаѓањето во САД, испратил покана на отворањето на џамијата да присуствува и претседателот на САД, Барак Обама, но тој ја одбило понудата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *