Епсикопот на СПЦ Лукијан три дена во посета на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Како по обичај, СПЦ продолжува да известува за посетите на нивни епископо на Македонија и за сосолужувањата што ги имаат со владици на МПЦ-ОА. Последна таква голема посета имал епископот Будимски и темишварски г. Лукијан. Според извештаите на СПЦ, тој имал средба и со Архиепископот Стефан, сослужувал со него за денот на Свети Наум, а и служел во Лесновскиот манастир.

-Во петок на 1 јули Н.П. Епископот будимски и администратор темишварски, г. Лукијан, со благослов на српскиот патријарх Порфириј го посети Архиепископот Охридски и македонски. Г. Стефан. Во таа прилика архиепископот Стефан и Владиката Лукијан евоцираа спомени од студентските денови, бидејќи заедно студитале на православниот Богословски факултет во Белград. Истиот ден Владиката Лукијан го посети Марков манастир и манастирот во Нерези, пишува со соопштението на СПЦ.

Следниот ден на 2 јули Лукијан бил гостин на Лесновскиот манастир.

-Н.П. Епископ будимски и темишварски г. Лукијан чиноначалствуваше со Светата ахиерејска литургија во Лесновскиот манастир во сослужување на домаќинот Митрополитот брегалнички г. Иларион од МПЦ. Според зборовите на Владиката Лукијан, ваквите заеднички литургиски настани се темел на нашите братски односи и живо сведочење дека сме една света, соборна и апостолска црква, пишува во соопштението на СПЦ.

И во недела на 3 јуни, на празникот на Свети Наум Охридски,српскиот епсикоп служел со Архиепископот г.г. Стефан во црквата во Радишани.

-Претстојателот на автокефалната МПЦ, Н.Б. Архиепископот охридски и македонски г. Стефан чиноначалствуваше со Светата архиерејска Литургија во манастирот посветен на овој светител во местото Радишани кај Скопје. На Архиепископот му сослужуваат Епископот Лукијан, Митрополитот повардарски Агатангел, Митрополитот брегалнички Иларион, пишува во соопштението на СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here